Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија од екипата на Струмица со резултат 93:101.
Кумановчани не успејаа да воспостават предност по која би забележале нова победа во домашното првенство. Предноста се менуваше по четвртини. Во првиот и третиот период од мечот предност имаше Струмица, додека вториот и поголем дел од четвртиот период предноста беше на страната на Куманово.
Струмица успеја да го одведе натпреварот во продолженија што очигледно бил дополнителен мотив за домаќинот, кој за пет минути успеја да постигнат дури 19 поени, со кои го поставија конечниот резултат од 101:93.
Ефтим Богоев со 26 поени беше најефикасен во тимот на Струмица. За Куманово Урош Луковиќ постигна 27 поени и 12 скока.
Следниот натпревар Куманово го игра на гостински терен против тимот на Роса Радом во Полска.