Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија од екипата на Турк Телеком со резултат 75-84.
Куманово беше достоен противник во овој натпревар против апсолутниот фаворит во групата Ј. Прва резултатска разлика Турците ја направија пред паузата за полувреме, кога имаа максимални 12 поени разлика. Куманово брзо одговори, постигна шест поени и замина на одмор со резултат 36-42.
Статистички, третиот период е најслабиот сегмент во играта на Турк Телеком, а Куманово одлично го искористи сето тоа за да ја неутрализира негативата и со нерешен резултат ја заврши третата четвртина. Донекаде сличен расплет следуваше и во овој дуел против Турк Телеком. По шутот на Петровиќ на шест минути до крајот на натпреварот, гостите направија серија од 9-0 која беше доволна за пласман на тимот од Анкара во следната фаза од натпреварувањето.
Урош Луковиќ беше најефикасен поединец на натпреварот со 22 поени и 16 скока. За победникот, Мајкл Џенкинс постигна 19 поени.
Со овој пораз Куманово ја завзема третата позиција со 5 бода. Зад нас е КТП Баскет до четири бода, Роса Радом има 7 бода и се втори на табелата а Турк Телеком се без пораз и имаат максимални осум бода. Куманово мора да победи во следните два натпревари доколку сака пласман понатаму, и тимот на Роса Радом не смее да направи изненадување на гостувањето следното коло против Турк Телеком.