Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца боксери од боксерскиот клуб „Фајтер„ од Куманово, како дел од тимот на Македонија, викендов ќе настапат на меѓународниот сениорски турнир „Адем Јашари„ во Приштина, Косово.
Боите ќе ги бранат Ибраим Мустафи (60 кг) и Мемети Кадриу (+91 кг), и јуниорот Николче Митевски (64 кг).На турнирот ќе учествуваат 14 земји меѓу кои: Швајцарија, Чешка, Италија, Полска, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Германија, Словенија, Франција, Турција и домаќинот Косово.
Полуфиналето е во сабота во 13 часот, додека финалните борби се во недела со почеток во 15:00 часот. Директен пренос ќе има на националната косовска телевизија RTK1.