Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца кумановски боксери Николче Митевски и Адтхе Мисини се на листа на Боксерската федерација на Македонија за избор на млади и надежни боксери до 20 години на манифестацијата „Спортисти на годината 2011“ што вечерва ќе се одржи во „Универзалната Сала“ во Скопје.
Николче се наоѓа и во потесени избор за најдобар млад спортист на Македонија.
Пред чинот на прогласувањето на победниците ќе бидат доделени дипломи, стипендии и признанија за спортистите кои влегуваат во категоријата „спортска надеж“, како и категоризираните спортисти кои оваа година остварија значајни резултати.
Македонија најдоби спортисти за 2011 година ќе избира во следниве категории: спортист, спортистка, млад спортист, млада спортистка, најуспешен македонски спортист во странство, најуспешна машка репрезентација, најуспешна женска репрезентација, најуспешен спортист со инвалидитет, најуспешен тренер-селектор, најуспешна спортска федерација.
Освен прогласувањето на најуспешните во 10-те категории на манифестацијата „Спортисти на годината 2011“ ќе бидат доделени и две посебни награди. Тоа е наградата за „Животно дело“ како и наградата „Спортски оскар“ наменета за најпопуларниот спортист во Македонија.