Кумановски кикбоксери со два медали на државно првенство
16.05.2014 10:20
| KumanovoNews
Кикбокс клубот “Куманово 2006“ на државно првенство за сениори викендов во Скопје се закити со два медали.
Никола Петрушевски освои сребрен медал во категорија до 89 кг и Стефан Спасовски бронза во категорија до 75 кг.
Ние сме членка на Кикбокс федерација на Македонија. Учествувавме со двајца натпреварувачи и земавме два медали. Учествуваа повеќе клубови од државата со свои натпреварувачи, имаше силна конкуренција, но ние сепак остваривме добар резултат - вели Сашо Илијевски, тренер на клубот.
Претседателот и тренер на клубот кој е репрезентативец на Македонија во кикбокс и учествувал на европски и светски првенства очекува успех и во иднина.
Државното првенство е во организација на Кикбокс федерација на Македонија.

