Кумановски падобранец трет во Јагодина
01.08.2013 09:30
| KumanovoNews
Горан Денковски од Аеро клубот “Доне Божинов“ освои трето место во поединечна конкуренција на падобрански куп кој викендов се оддржа во Јагодина, Србија.

На 14 -от меморијален падобрански куп “Горан Остоиќ и други паднати борци“ учествуваа 11 екипи од Србија, Македонија, Црна Гора, Република Српска, Бугарија и Армијата на Република Србија.
На натпреварот имаше 44 натпреварувачи. Горан Денковски се закити со бронзен медал што претставува голем успех ако се земе во обзир дека не направил ниту еден тренажен скок, за разлика од другите натпреварувачи кои направиле и сто тренажни скока.