Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во хотелот „Метропол“ во Охрид, започна квалификацискиот турнир за Екипното првенство од Втората шаховска лига на Македонија, за влез во најелитното натпреварување. Турнирот ќе трае до понеденик.
За Шаховскиот клуб „Фишер“ ова ќе биде премиерно учество на официјален настан огранизиран од страна на Шаховската федерација на Македонија.
Негови претставници ќе бидат: Јанчо Георгиевски, Михајло Вучковски, Срѓан Станковиќ, Даниел Анѓеловски, Стефан Тодоровски, Јордан Стоилковски, Моша Ѓорѓевски и Веселин Спасовски. Во највисокиот ранг веќе е и нашиот прв клуб, Градскиот шаховски клуб „Куманово“.
Место во Првата лига ќе изборат 3 екипи од пријавените 11. Тимовите се поделени во 2 групи, каде првите 2 места одат во полуфинале. Во завршните натпревари, првите 3 освоени места ќе се квалификуваат за учество во Првата шаховска лига на Македонија за сезоната што следува.
Во првата А група се сместени 5 екипи, а кумановскиот состав на ШК „Фишер“ е во Б групата каде за противници ќе ги има екипите на: „Анпасан-Сеш“ – Тетово, „Карпош“ – Скопје, „Теута“ – с.Матејче, „Шкендија“ – Тетово и „Каменица Саса“ – М.Каменица.
Турнирот доби одобрение да се одржи според посебен протокол составен од страна на Комисијата за заштита од заразни болести.
(Д.Давитковски)