Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На првиот меѓународен турнир во бразилско Џиу-џицу, челеновите на The Strongest & Roots BJJ Куманово, имаа одличен настап и се вратија со златен и сребрен медал.
На овој меѓународен турнир организиран во Македонија, и покрај домашниот клуб, учествуваа борци од Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Хрватска и Германија.
Куманово имаше три претставника, од кои Мартин Стефановски освои сребрен медал во конкуренција до 70 килограми, а Стефан Велковски освои златен медал во категорија повеќе од 90 килограми (под 18 години).
Ова беше престижен меѓународен турнир на кој нашиот тим имаше успешен настап. Конкуренцијата беше силна, и оваа е одличен резултат за нас - изјави Мартин Стефановски.