Кумановските ракометарки против Кузман Вардар Илинден
18.11.2019 11:12
| KumanovoNews
На домашен терен во СОУ „Перо Наков“, вечерва во 20.30 часот, во рамките на второто коло од младинската женската ракометна лига, ЖРК Куманово ќе игра против екипата на ЖРК Кузман Вардар Илинден.

Претходно ЖРК Куманово, играше против екипата на Металург, во рамките на Првата женска лига и со лесна победа останаа први на табелата, со десет одиграни кола и исто толку победи
За потсетување во првото коло од младинската женската ракометна лига, нашата екипа беше слободна.