Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во просториите на РФМ беа извлечени паровите од националниот Куп во машка и женска конкуренција.
Кумановскиот женски клуб за противник во Група Г го доби тимот на ЖРК Гевгелија. Во групата е слободен тимот на ЖРК Пелистер, па место на завршниот Ф4 турнир, Куманово би требало да избори на лесен начин против битолскиот клуб. Настапот во полуфиналето најверојатно ќе биде на 6-ти или 7-ми март.
Машкиот ракометен клуб за противник во првата фаза го извлече скопскиот атрактивен клуб на Металург. Терминот за натпреварот е на 24-ти или 25-ти февруари, каде победниците од сите парови ќе формираат четири групи по 4 екипи.
(Д.Д.)