Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Довчерашниот кошаркар на Куманово, Урош Луковиќ ја засили екипата на МЗТ Скопје.
Информацијата е потврдена на сајтот на МЗТ Скопје, каде што деби на постариот Луковиќ очекуваат на натпреварот против Металац Ваљево. Тој му се приклучи на својот брат Марко Луковиќ кој веќе настапува за актуелниот шампион, што беше спротивно сценарио од она што го посакуваше кумановската публика, неговиот помал брат да заигра во Куманово.
За Куманово оваа сезона Луковиќ постигнуваше 24 поени и 12 скока во просек. Неколку пати беше прогласуван за МВП на колото, а слободно можеме да кажеме дека имаше најдобар настап во Еврокупот.