Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Репрезентативците на Македонија денеска во 21 часот ќе се обидат да ја забележат првата победа на Европското првенство во Словенија, против репрезентацијата на Србија.
Македонските кошаркари после двата пораза во Јесенице, својот пласман за понатамошната фаза ќе ја бараат против селекцијата на Србија која забележа две победи против Литванија и Босна и Херцеговина.
Според играчите најголема опасност вечерва ќе ни биде селекторот Дуда Ивковиќ, кој има составено одлична екипа и веројатно најдобриот стручен штаб на првенството. Според селекторот Пипан, Србија е репрезентација која во досегашниот дел од првенството се покажала во најдобро светло.
Во останатите натпревари од нашата група, од 14:30 Црна Гора игра против Босна и Херцеговина, а од 17:45 се игра балтичкото дерби, Летонија - Литванија.