Македонија ја забележа првата победа на Европското првенство
Кошаркарите на Македонија денска против селекцијата на Србија забележаа убедлива победа со резултат 89:75.

Со оваа победа, нашата репрезентација си ги зголеми шансите за пласман во наредната фаза, после двата контроверзни порази од Литванија и Црна Гора.
Екипата на Србија не покажа ништо од репертоарот кој ги имаше изминатите два дена, што додатно и ја олесни работата на македонскиот национален тим, искористувајки ја лошата игра и славејки убедливо против нашиот северен сосед.
Најефикасни за Македонија беа Мекејлеб – 27 поени, а Владо Илиевски и Перо Антиќ постигнаа 16 поени .
Кај Србите најмногу поени постигнаа Данило Анѓушиќ 19 и Немања Бјелица 13.