Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со дуелот против Норвешка, кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија (до 16 години), попладнево го започнува својот настап на Европскиот шампионат, дивизија Б, чиј домаќин е Сараево.
Дуелот Македонија - Норвешка ќе стартува во 13 часот, а е во рамките од групата А, во која се уште и селекциите на: Португалија, Финска, Бугарија и Естонија.
Само двете првопласирани репрезентации во четирите групи ќе продолжат во четвртфиналната фаза, а пласман во поквалитетната дивизија А ќе обезбедат само трите првопласирани селекции.