Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби и на денешниот натпревар против селекцијата на Литванија со резултат 75:67.
За жал, и овој натпревар беше обележан со катастрофално судење, кое беше на штета на Македонија.
Иако литванците водеа скоро на целиот меч, сепак тој имаше неизвесен крај. Литванија водеше со 13 поени разлика на 7 минути до крајот, меѓутоа следуваше кам-бек по кој резултатот беше 65:69.
Токму тогаш започна судиското шоу, доделувајки му на Антиќ петта лична по која тој продолжи да игра на натпреварот, а по личната на Гечевски иако Македонија не беше во бонус, ривалот изведе четири слободни фрлања.
Им честитам на Литванците за победата, но ова што се случува со судењето е срам и за ФИБА Европа и за Првенството. Шпанскиот судија Артеага ни се закани уште на турнирот во Шпанија дека ќе видиме што ќе ни направи на ЕП и еве тој заканата ја реализираше тука. Не барам причина за поразите само кај судиите, но ова е симптоматично. По поразот од Црна Гора очекувавме пофер однос, не да ни помагаат, туку да биде фер, еднакво. Се боревме максимално, успеавме да се вратиме од висока негатива, но не спречија во налетот. И да било фаул, требаше веднаш да свирнат, не после пет секунди. Сепак, не се откажуваме. Инаетот кај нас постои, ако одиграме без осцилации и сконцентрирано од прва до последна минута, можеме да победиме уште утре против Србија - изјави капитенот на нашата репрезентација, Перо Антиќ.
Калниетис беше најефикасен на мечот со 17 поени, додека кај Македонија, Владо Илиевски постигна 13 поени.
Утре Македонија во 21 часот игра против селекцијата на Србија.