×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонската инлајн-хокеј репрезентација на квалификации за СП 2014

    06.08.2013 06:46 | KumanovoNews

    Македонската репрезентација во инлајн-хокеј (хокеј на ролерки) ќе земе учество на квалификациите за претстојното Светското првенство, кое ќе се одржи во 2014 година во Пардубице, Чешка.

    Македонската инлајн-хокеј репрезентација на квалификации за СП 2014

    Квалификацискиот турнир кој на нашите хокеари може да им обезбеди место на СП 2014 се одржува во Пасау, Германија во периодот од 9. до 11. август.

    На овие квалификации, нашите репрезентативци ќе се соочат со репрезентациите на Летонија и Ирска.

    И иако нашите хокеари се мотивирани и спремни за успех, тие велат дека се разочарани поради откажувањето на големиот „мотиватор“ - репрезентацијата на Грција, односно тимот против кој првично требаше да се соочат, уште на самото отварање на квалификацискиот турнир.

    Покрај Грција, учеството на турнирот во Германија во последен момент го откаќаа и Турција, Израел, Шпанија и Португалија.

    Летонија е фаворит. Тие играат неверојатно добар хокеј, кој е вистинско уживање за гледачите. Минатата година „за влакно“ не се обезбедија пласман во завршницата, односно на СП - вели Зоранчо Гриовски, напаѓач во нашите редови.

    Против Ирска се надеваме дека ќе ја оствариме нашата прва и историска победа од кога играме во квалификациите. Нашиот тим е во намален состав поради повреди и периодот во кој се одвиваат овие квалификации. Но, ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме македонската јавност .Нашата репрезентација е главно составена од играчи кои настапуваат на домашниот терен, но оваа година за првпат на помош доаѓа и играч од нашата дијаспора. Станува збор за 16-годишниот Самуел Наумовски-Викиус од Шведска, за кого, од нашата репрезентација велат дека поседува исклучителни вештини и талент-додаде Гриовски

    Победникот од квалификациите во Германија ќе обезбеди учество во Б дивизија на Светското првенство кое ќе се игра следната година во Чешка и ќе биде дел од групата Д заедно со Австрија, Јапонија и Унгарија.