Македонски тенисер се пласира во финале
10.08.2013 08:10
| KumanovoNews
Македонскиот тенисер Димитар Грабул успеа да се пласира во финалето на фјучрс турнирот во Еупен, Белгија.

Тој во полуфиналето го совлада домашниот тенисер Жулиен Кањина со 2:1 во сетови (7:6; 1:6 и 7:5).
За Грабул во третиот меч против Кањина ова беше прва победа, откако претходните два исто така ги одиграа во полуфиналето, кога победуваше Кањина.
За македонскиот тенисер ова ќе биде второ финале во кариерата (победи во првото), а за противник го има Французинот Констант Лестиен, кој со 2:0 во сетови во полуфиналето го совлада Иво Мииќ од Германија.