Македонските кошаркари на мегдан против Грција
Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска ќе игра против Грција, во контролен натпревар, како дел од подготовките за претстојното Европско првентсво во Словенија.

Овој натпревар е еден од трите кои наште репрезентативци ќе ги одиграат во германскиот град Улм на „Супер купот’’ на кој ќе настапат и домашната селекција на Германија и репрезентацијата на Босна и Херцеговина, која ќе биде и еден од противниците на Македонија на Евро-баскетот во Свловенија.
Утре од 14:30 часот Македонија за противник ќе ја има Германија. Циклусот контролни натпревари избраниците на селекторот Алеш Пипан ќе ги завршат во недела со дуелот против БиХ од 17 часот.