Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, ја оствари втората победа на шампионатот совладувајќи ја Австрија со што полека го привршува својот настап на ЕП (дивизија Б) за играчи до 20 години во Софија.
Во натпревар од 3. коло на групата „Г“ односно за пласман од 9 до 18 место, Македонија попладнево ја солвада Австрија со 85:77 во продолжението, откако регуларниот дел заврши нерешено 71:71 (по четвртини 21:17, 18:17, 14:18 и 18:19).
Во дополнителните 5 минути, кои нашата репрезентација ги доби со 14:6, Горјан Марковски постигна 7 од 14-те поени, а средбата ја заврши со ефект од вкупно 31 поен и 17 скокови.
И покрај оваа победа, избраниците на Александар Петровиќ, остануваат на 5-место на табелата во оваа група (единствено зад нас е селекцијата на Луксембург).
Со тоа утре нашите јуниори против Швајцарија, ќе разигруваат за 15-тото место во конечениот пласман во „Б“ дивизијата.