Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Крилото на Куманово, Вукашин Мандиќ потпиша нов едногодишен договор и следната сезона ќе ги брани боите на КК Куманово 2009.
Ова ќе биде трета сезона за Мандиќ во Куманово во која е еден од носителите на играта на вицешампионот на Македонија.
Неговиот просек оваа сезона е 13.3 поени 5.3 скокови и 3 асистенции по натпревар, а на теренот играше нешто повеќе од 30 минути по натпревар.
Полека но сигурно се оформува екипата која минатата сезона успеја да дојде до финале во домашното првенство.