Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Диего Марадона, се враќа на фудбалските терени така што ќе го облече дресот на аргентинскиот петолигаш Депортиво Риестре.
Пријателството со адвокатот Виктор Стинфал, главниот финансиер на овој клуб е причината за враќањето од пензија на легендарниот фудбалер.
Стадионот на клубот има 3000 места, па клубот веќе планира натпреварите да ги игра на стадионот на Сан Лоренцо кој има капацитет од 45 000 гледачи.
Деби на Марадона се очекува на 23.март, а неговиот иден соиграч Виктор Море е спремен да се одрекне од бројот 10.
Доаѓањето на Марадона, тој го најави со зборовите - „ќе носам било што“.