Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од денеска кошаркарскиот клуб Куманово е посилен за уште еден репрезентативец. Се работи за Марко Симоновски, кој од денеска е нов кошаркар на КК Куманово.
Симоновски оваа сезона ја започна во МЗТ Скопје, меѓутоа по лошите резултати и повредата на коленото го напушти клубот. Уште веднаш беше споменуван како ново засилување на клубот, што беше демантирано од негова страна, одговарајки дека засега е фокусиран на санирање на повредата.
Очигледно дека поврзувањето на Симоновски и Куманово не било случајно, па таа соработка започнува од денеска. Тој игра на позицијата бек шутер, а неговиот шут за три поени сигурно дека ќе ги освои навивачите на Куманово.
Фото: tercerequipo.com