Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб „Бал фор Лаиф“ ја заврши овогодинешната сезона, а на последниот тренинг специјален гостин беше Мартин Несторовски, освојувач на бронзен медал на првите Европски олимписки игри во Баку, Азербејџан.
Несторовски ги подели наградите на најуспешните за оваа сезона. Женскиот тим е освојувач на овогодинешната „Бал фор Лаиф Лига“, а за најдобар играч е прогласен Небојша Илиќ. Останатите членови добија диплома за успешна сезона.
Ова е последен тренинг на нашата академија Бал фор Лајф и така да секоја година правиме свечени манифестации за доделување на дипломи и награди за најуспешни и секоја година имаме по еден добар спортист кој ги доделува дипломите. Имаме околу 80 членови и машки и женски од сите генерации, целта е следната година да направиме женска екипа која ќе се натпреварува во следната сезона - Дарко Петковски, тренер на Бал фор Лајф
Каратистот Несторовски истакна дека со задоволство присуствува на ваков настан и дека и негова цел е да ги потикне најмалите да се занимаваат со спорт. Тој на младите кошаркари им порача да не се одкажуваат без разлика на сите потешкотии на кои ќе наидат. Неговото лично искуство покажува дека по 20 години активно занимавање со карате, почнуваат да пристигнуваат и резултатите.
Дефинитивно со вакви акции многу ми е мило што мој другар работи од мали нозе со деца единствено и ние како професори по ФЗО, деифинитивно ќе кажам највеќе родителите можат да играат улога во одлучување на децата да се занимаваат со спорт и вакви големи резултати можат да ги потикнат младите да спортуваат - Мартин Несторовски.