Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Машката ракометна репрезентација на Македонија во петок и сабота со пријателски дуели против Црна Гора ги започнува подготовските за Европското првенство кое ќе се одржи во jануари во Данска.
Селекторот Обрван на располагање ги има ракометарите кои ќе бидат носители на нашата игра во одбраната на петтото место од последниот шампионат.
Во декември Македонија ќе одигра контролен меч и со Словенија а во јануари непосредно пред заминувањето за Хернинг одново ќе бидеме на мегдан со Црна Гора и Србија во рамки на турнирот што ќе се одржи во Скопје.
Освен со домаќинот Данска како дел од Групата А, Македонија во битка за едно од првите три места ќе биде со Чешка и Австрија.
На списокот на Обрван се најдоа 22 ракометари, од кои дури 10 се членови на вицепрвакот Металург:
Голмани: Борко Ристовски (Гумерсбах, Германија), Никола Митревски (Металург), Петар Ангелов (Вардар)
Крила: Владимир Темелков (Каерјенг, Луксембург), Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески (Металург)
Бекови: Кирил Лазаров (Барселона, Шпанија) Наумче Мојсовски, Аце Јоновски, Велко Маркоски, Дејан Пецаковски (Металург), Филип Лазаров, Митко Стоилов (Вардар), Горан Кузмановски, Лазо Мајнов (Одорхеи, Романија), Бранислав Ангеловски (Констанца), Никола Стојчевски (Редбергслидс ИК, Шведска), Влатко Митков (Кремс, Австрија)
Пивоти: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски, Ванчо Димовски (Металург)