Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот фудбалски сојуз Куманово, вечерва (13) во спортската сала, организира Меморијален фудбалски натпревар, во чест на починатиот директор на фудбалска репрезентација, Петар Милошевски, кој на 13 март минатата година загина во сообраќајна несреќа, враќајќи се од хуманитарен натпревар во Куманово.
Ги повикувам сите кумановци и љубители на фудбалот, утревечер во 18 часот масовно да дојдат на натпреварот и со тоа да ја покажеме нашата почит кон големата фудбалска легенда и човек, Петар Милошевски. Тој последните часови од животот ги помина во спортската сала Куманово играјќи хуманитарен натпревар со своите колеги, за да помогне на болно дете. На овој начин сакаме да му се оддолжиме и да покажеме дека нема да ги заборавивме неговите дела што ги правеше како професионалец и како човек-“ - изјави Борче Лазаревски, претседател на Општински фудбалски сојуз Куманово.
Според програмата предвидено е да се одиграат три натпревари помеѓу екипите: деца од фудбалската школа „Еуроспорт„ и соученици на Никола Вулетиќ, детето за кое се собираа сретства за лекување на минатогодишниот натпревар, естрадни уметници и актери и ветерани од фудбалската репрезентација и ветерани на Куманово. Меѓу учесниците ќе бидат познатите репрезентативци Саша Ќириќ, Илија Најдоски, Жанко Савов, Илчо Георгиевски и други.