Меморијален одбојкарски турнир во чест на Теодора Цветковска
05.06.2015 11:27
| KumanovoNews
Во спортската сала на средното училиште “Перо Наков“ , во недела ќе се одржи традиционален меморијален турнир во одбојка во чест на Теодора Цветковска.

Турнирот ќе започне во 10 и ќе трае се до 14 часот, а ќе се натпреваруваат одбојкарски клубови од Македонија. Турнирот е во чест на членката на одбојкарскиот клуб “Куманово“, Теодора Цветковска која загина во 2013 година, во сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците “Трета МУБ“ и “Октомвриска револуција“.