Меморијален турнир во чест на Мартин Симоновски
18.10.2013 14:14
| KumanovoNews
Во спортската сала на СОУ “Перо Наков“ викендов ќе се оддржи Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Мартин Симоновски.
На турнирот ќе учествуваат 24 екипи, а најдобрите ќе бидат наградени со пехари.
Во знак на сеќавање и роденденот на нашиот другар Мартин Симоновски - Матрикс, во организација на СДММ по втор пат ќе се оддржи Меморијален турнир во мал фудбал. Ги повикуваме сите млади и сите граѓани да не посетат на овој турнир , со кој ќе одадеме почит во спортски дух за прерано згаснатиот живот - вели Марио Доневски од СДММ.
Натпреварите во сабота и недела ќе почнат во 11 часот.