Меморијален турнир во одбојка
Турнир во одбојка, во сабота во 10 часот, ќе се оддржи во спортската сала на средното училиште “Перо Наков“, во организација на одбојкарски клуб “Куманово“ и Одбојкарска федерација на Македонија.

На турнирот ќе се натпреваруваат екипите “Куманово“, “Работнички“ од Скопје, “ПроВолеј“ од Пробиштип и Универзитет “Гоце Делчев“ од Штип.
Ќе се одиграат 4 натпревари кои ќе одлучат за конечниот пласман на првенството во категорија кадети на Одбојкарска федерација на Македонија.
Турнирот има меморијален карактер со тоа што ќе и се оддаде почит на загинатата членка Теодора Цветковска.
Организаторите ги повикуваат љубителите на овој спорт да го посетат турнирот.