Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Металург како шампиони на Македонија се најдоа во вториот шешир, додека Вардарци по добиената вајлд карта се најдоа во петтиот шешир за влез во Лигата на Шампионите при извлекување на групите за новата сезона од елитното европско натпреварување што ќе биде оддржано во петок.
ЕХФ, покрај шеширите, го објави и дефинитивниот распоред на натпревари, па така, новата сезона од ЛШ ќе стартува на 24 септември, а ќе заврши на 22 февруари 2015 година. Завршниот турнир во Келн е закажан за викендот 30-31 мај 2015 година.
Извлекувањето на групите за новата сезона во Лигата на шампиони ќе се одржи в петок со почеток во 18 часот во Виена.
ШЕШИР 1: Кил, Барселона, Веспрем, Кјелце
ШЕШИР 2: МЕТАЛУРГ, Колдинг, Целје, Данкерк
ШЕШИР 3: Загреб, Чековски медведи, Шафхаузен, Алингас
ШЕШИР 4: Некар Ловен, Ла Риоха, Пик Сегед, Висла Плоцк
ШЕШИР 5: ВАРДАР, Фленсбург, Алборг, ПСЖ
ШЕШИР 6: Монпелје, победници од квалификациските турнири