„Михајловски“ извојуваа победа против Дино Баскет
13.12.2015 15:03
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Михајловски денеска во Спортската сала во Куманово извојува победа против Дино Баскет со резултат 71-56.

По фуриозниот старт, тимот на Игор Михајловски имаше криза во втората четвртина кога гостите од Кочани успејаа да поведат со резултат 39-40. Во третиот период од мечот, Михајловски беа поконкретни во нападот и полека но сигурно ја зголемуваа разликата. Конечен резултат на мечот беше 71-56.
Следното коло, Михајловски играат против тимот на Феникс 2010 со што ги завршуваат настапите во Трета лига за оваа полусезона.