„Михајловски“ против Шкупи ќе се борат за опстанок
24.04.2015 12:48
| KumanovoNews
Екипата на Михајловски утре на гостински терен ќе игра против тимот на Шкупи.
Двата тимаа имаат сличен скор на табелата, и овој натпревар ќе биде борба за опстанок меѓу двете екипи. Михајловски загубија минатата недела од Борец Баскет и сега имаат скор од шест победи и десет порази. Шкупи има пораз повеќе.
Во првиот натпревар Михајловски извојуваа победа на домашен терен со резултат 83-62.