„Михајловски“ се вратија на победничките патеки
14.04.2015 09:56
| KumanovoNews
Кошаркарите на „Михајловски“ ја забележаа првата победа во продолжението од сезоната.

Тие на гостински терен триумфираа против тимот на Радовиш со резултат 76-78.
Следното коло, Михајловски ќе играат на домашен терен против тимот на Борец Баскет.