×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Минимален пораз на кошаркарите против европскиот првак Шпанија

    21.08.2013 07:31 | KumanovoNews

    Македонската кошаркарска репрезентација, добро го испоти европскиот првак Шпанија, во натпреварот одигран синоќа во Сантиаго де Компостела, кој домаќинот го доби со 66:61 по четвртини 21-13, 17-8, 13-24 и 15-16.

    Минимален пораз на кошаркарите против европскиот првак Шпанија

    Македонската репрезентација одигра лошо прво полувреме, во кое актуелниот европски првак стекна предност од 17 поени. По 21-13 за Шпанија во првата четвртина, Македонија со серија 6-0 намали на 21-19, но до крајот на полувремето кошаркарите на ‘црвената фурија’ направија серија од 15-2 и си убедлива предност заминаа на одморот помеѓу двете полувремиња.

    Вистинското лице македонските кошаркари го покажаа во третиот период, кога профункционира играта во одбраната. Македонија во третата четвртина му дозволи на противникот да постигне 13 поени и во последниот период од играта влезе со негатива од седум поени.

    Четвртата четвртина одново донесе израмнета игра, македонските кошаркари во еден момент ја го израмнија резултатот на 54-54, но немаа сили за целосен пресврт. Шпанците најпрвин направија серија од 10-0, а потоа мирно го приведоа мечот кон крајот. Владо Илиевски со 14 поени беше најефикасен во македонската репрезентација, додека Бо Мекејлеб реализира 10 кошеви.

    Инаку, стартот на овој натпревар доцнеше, бидејќи на загревањето Предраг Самарџиски ја скрши таблата.

    Македонија против Шпанија ќе одигра уште еден контролен меч, денеска во Леон, а потоа Пипан и неговите избраници ќе се преселат во Германија, каде ќе учествуваат на турнирот во Улм, таму противници ќе им бидат селекциите на Грција, Босна и Херцеговина и Германија.