Мени

МKK Куманово со победа над Чаир обезбеди опстанок во елитата

20.04.2026 08:44 | KumanovoNews

Кошаркарите на МКК Куманово забележаа голема победа на гостувањето кај Чаир 2030, откако славеа со 91:83 во натпревар од плеј-аут лигата.

МKK Куманово со победа над Чаир обезбеди опстанок во елитата

Со овој триумф, кумановци го обезбедија опстанокот во најквалитетното кошаркарско првенство и за следната сезона, а воедно се израмнија со Чаир на врвот на Плеј-аут табелата со по 36 бодови.

Куманово водеше во текот на целиот натпревар, а најефикасен беше Стојан Ѓуровски со 27 поени од кои 7 постигнати тројки. Кај Чаир 2030 најпрецизен беше Џелен Билингслеј со 26 поени. 

Следен предизвик за избраниците на Марин Докузовски ќе биде домашниот натпревар против КК Ангели.