Младинките по нова победа на домашен терен
25.10.2013 09:46
| KumanovoNews
Во сабота со почеток во 12.30 часот во салата на ОУ "Христијан Тодоровски Карпош"младинскиот состав на ЖРК Куманово за противник ја има екипата на Жито Прилеп.
Ова е последен натпревар од есенскиот дел за ракометарките и секако по победата над екипата на Металург и поразот од екипата на Вардар, во сабота одиме по нови последни поени од оваа сезона-изјавија од клубот.
Првата екипа на ЖРК Куманово, во недела на гостински терен игра против екипата на Гостивар и оди по уште една нова победа.