Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младите ракометарки на Куманово се закитија со бронзен медал на денешниот Фајнл-фор турнир.
Турнирот се одржа во салата на СРЦ Кале, каде што нашиот тим во првиот натпревар не успеја да го победи тимот на Металург, и загуби со резултат 24:15.
Во натпреварот за третото место тие се сретнаа со тимот на Кожувчанка, каде што исдвојуваа победа со резултат 21:20.
Сакам да ја искористам оваа прилика да ги честитам на младите ракометарки за овој голем успех за нашиот клуб. Покрај гигантите Вардар и Металург, Куманово покажа дека има сериозна младинска екипа, која има светла иднина - изјави спортскиот директор на клубот, Габриела Трајковска.
На завршниот турнир, Бисера Митевска се стекна со наградата најдобар голман на Фајнл-фор турнирот.
Во финалниот натпревар, тимот на Металург го победи Вардар.