×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • MOZZART во Србија ја купи траката на Роналдо и уплати 64.000 евра во хуманитарни цели

    02.04.2021 18:37 | KumanovoNews

     Капитенската трака на Кристијано Роналдо која заврши на тревата на белградската Маракана после квалификацискиот натпревар за Мундијалот помеѓу Србија и Португалија, на хуманитарна аукција ја купи компанија Mozzart и со тоа обезбеди 64.000 евра за лечење на малиот Гаврило Ѓурѓевиќ.

    MOZZART во Србија ја купи траката на Роналдо и уплати 64.000 евра во хуманитарни цели

     Аукцијата преку сајтот Лимундо ја спровела организацијата „Заедно за живот“, а завршена е утрово во 09:38, кога понудата на компанија Mozzart во Србија е прогласена за најдобра.

    „На учество во аукцијата се одлучивме првенствено заради тоа што е од хуманитарен тип, со желба да ја разбудиме општествената одговорност кај поединците, компаниите и организациите. Mozzart веќе долги години помага на многу организации преку кои се собираат средства за лечење на деца. Веднаш се приклучивме на лицитацијата со желба не само да го зголемиме износот за малиот Гаврило, туку и да ја зголемиме свеста за тоа колку е потребно сите да бидеме единствени и со заеднички сили да даваме континуирана поддршка на вакви акции. Лицитацијата ја дигна на нозе цела Србија, а се надеваме дека што повеќе луѓе сега ќе се приклучат и ќе помогнат, согласно своите можности, “ изјави Борјан Поповиќ, директор на секторот за корпоративни комуникации на Mozzart во Србија.

    Да се потсетиме, Роналдо ја фрли капитенската трака на трева незадоволен заради непризнатиот гол, а ја зема младиот пожарникар Ѓорѓе Вукичевиќ, со хумана намера да ја искористи за помош на малиот Гаврило. Гаврило е роден на 7 септември 2020 година, а три месеци после раѓање, констатирано е дека има ретка неуромускулна болест.