Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо вчера се погрижи за уште едно „шоу“ на прес конференцијата после натпреварот.
Запрашан како ги мотивира играчите пред вака битен натпревар, тој одговори дека воопшто не зобрувал со играчите пред натпреварот.
Не зборував. Нашиот масер, Били, тој се обрати на тимот. Сериозен сум. - изјави португалецот.
Потоа беше запрашан што точно рекол масерот на екипата, Мурињо повторно имаше креативен одговор.
Што рече? Нешто урлаше на шкотски, ниту еден збор не успејав да разберам. Уауауау уауаааауаа уаа.. аауааауа! Ништо не го разбрав. Но играчите аплаудираа, така да беше „ОК“ говор - заклучи Мурињо.