Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Куманово не успеја да направи изненадување и загуби во натпреварот против МЗТ Скопје со резултат 94-85, со што тимот од Аеродром ја освои четвртата титула во низа.
Куманово немаше сили да извојува победа во овој натпревар а згора не тоа следуваше и слабиот старт на тимот кој уште на почетокот на мечот губеше со 10 поени негатива кои не успеја да ги стигне до крајот на натпреварот. Разликата набргу стана и 22 поени, а знаци на живот кумановчани дадода во во третата четвртина кога стигнаа до 4 поени при резултат 76-72. МЗТ Скопје не препушти ништо на случајот и го приведе наптреварот кон крајот зголемувајки ја предноста и поставувајки го конечниот резултат, 94-85.
Вукашин Мандиќ беше најефикасен со 23 поени, а кај гостите Предраг Самарџиски постигна 22 поени и 11 скока.
Марко Симоновски и Сеад Шеховиќ го поделија признанието за МВП на првенството.
Со оваа заврши една доста турбулентна но на крај и доста успешна сезона за КК Куманово 2009, во која направија огромен чекор во однос на предходните достигнувања на овој клуб.
Фото: www.basketball.org.mk