На домашен терен Металург против ПСЖ
Ракометарите на Металург утре на домашен терен во СЦ "Борис Трајковски" ќе одиграат уште еден натпревар од Лигата на Шампионите против екипата на ПСЖ.

И двата тима во првото коло имаат победи, и затоа овој натпревар ќе биде тест за екипите и за нивните перспективи за понатамошната сезона.
Оваа сезона ЛШ е многу долга и секој натпревар е од голема важност за нашата екипа-изјави тренерот Червар.
Во екипата на Металург на овој натпревар поради повреда, но и поради добиениот црвен картон на натпреварот со Тун, нема да настапи репрезентативниот бек Филип Миркуловски.
Гостите од Франција денеска ќе го имаат својот прв тренин во СЦ "Борис Трајковски" и утре во 18 часот во рамките од групата Ц че ги измерат силите со македонскиот претставник во Лигата на Шампионите, Металург.