Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал лесно излезе на крај со Германецот Бенџамин Бекер победувајќи го во два сета.
Експресно во осминафиналето, откако беше слободен во првото коло, се пласираше и Новак Ѓоковиќ кој со 7-5,6-2 го совлада Аргентинецот Хуан Монако.
Надал во борбата за четвртфинале го очекува сега дуел со Бугаринот Григор Димитров кој го совлада Николас Алмагро. Во следната рунда натпревари се пласираа и Томас Бердих, како и Енди Марје, Давид Гофан и Томи Хас. Во последниот меч, некогаш петиот тенисер на светот Томи Робредо по три одиграни сета, со 7-5,3-6,6-3 славеше против Станислас Вавринка.
На женскиот турнир пласман понатаму обезбеди Серена Вилијамс која славеше против Еуген Бушар со 4-6,6-2,6-2, но нејзината сестра Венус доживеа елиминација од Елена Веснина во три сета, 2-6,7-5,2-6.