×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Надал се избори за четвртфинале со Федерер во Синсинати

    16.08.2013 07:57 | KumanovoNews

    Победникот на минатонеделниот турнир во Монтреал, Рафаел Надал со многу напори синоќа го совлада Григор Димитров за пласман во четвртфиналето.

    Надал се избори за четвртфинале со Федерер во Синсинати

    Надал славеше победа од 2:1 во сетови (6:2; 5:7 и 6:2) и со тоа воедно се избори за меч со Рожер Федерер.

    Ниту Федерер немаше лесна задача во 3.коло бидејќи и тој во три сета (2:1) успеа да слави победа над Томи Хас.

    За разлика од нив двајцата Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј немаа проблеми со своите ривали.

    Ѓоковиќ на Давид Гофин му препушти само два гема (6:2 и 6:0), додека Мареј го победи Жулиен Бенето со 6:2 и 6:2. Тешка победа од 2:1 во сетови постигна и Хуан Мартин Дел Потро против Фелицијано Лопез.

    Денеска на програмата се четвртфиналните дуели каде секако најголемо внимание привлекува пресметката Надал - Федерер, а играат уште Ѓоковиќ - Џон Изнер, Дмитри Турсунов - Дел Потро и Мареј - Томаш Бердих.