Мени

Најбрзата жена е повторно од Јамајка

13.08.2013 06:44 | KumanovoNews

По победата на Усаин Болт, Јамајка доби уште едно спринтерско злато, и тоа во женска конкуренција на 100 метри.

Најбрзата жена е повторно од Јамајка

Двојната олимписка шампионка Шели Ен Фрејзер-Прајс стигна до златото откако во финалето на 100 метри оствари резултат 10,71 секунди.

Тоа е најдобриот резултат на светот сезонава.

Среброто и припадна на Мјуриел Ахуре од Брегот на слоновата коска кој имаше резултат од 10.93 секунди , додека со една стотинкапослабо време бронзата ја обезбеди Кармелита Џетер од САД.