Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Атлетската федерација на Македонија во соработка со Атлетскиот клуб Куманово, утре организираат изборен натпревар за Балканското првенство во сала.
Поради одличните услови со кои располага нашиот град, овој пат изборното првенство ќе се одржува во Куманово. На настанот ќе учествуваат сите атлетски клубови од Македонија, кои ќе се борат за место во нашата репрезентација која ќе настапи на Балканско првенство.
Настанот започнува во 12 часот на Атлетската патека Соколана, со дисциплините 60 метри - мажи, трискок-жени и скок во височина-мажи.