Настасиќ пред трансфер во Арсенал
07.08.2014 09:54
| KumanovoNews
Српскиот репрезентативец, Матија Настасиќ е на пред трансфер во Арсенал. Најголем проблем е тоа дали Манчестер Сити е спремен да се одрекне од талентираниот фудбалер.

Додека Барселона и Манчестер Јунајтед се борат за услугите на Томас Вермален, челниците на Арсенал веднаш видоа замена во 21.годишниот фудбалер. Местото во првиот тим на Настасиќ не е сигурно, а италијанските медиуми пренесоа дека Арсенал е спремен да даде голема сума со цел во никој случај да не стигне негативен одговор од Манчестер.