Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Управниот одбор при Македонската кошаркарска федерација целосно го одложи второто коло од Супер-лигата.
Утрешниот натпревар помеѓу Куманово и Кожув нема да се игра.
Причина за ваквата одлука се нерешениот статус со тимот на Карпош Соколи. Случајот се разгледува во Агенцијата за млади и спорт, а одлуката треба да биде верифицирана од МКФ. Првенството ќе продолжи веројатно одкако ќе се дефинира бројот на тимовите и статусот на Соколи.
Покрај овој натпревар, одкажани се натпреварите помеѓу МЗТ Скопје и Фени, односно Работнички и Карпош Соколи.