Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа против тимот на Рилски Спортист по продолженија со резултат 107-101. Сепак тие не успејаа да ја достигнат негативата од 12 поени од првиот меч, и нема да играат полуфинале во БИБЛ лигата.
Рилски имаше добар старт на натпреварот и по првите пет минути имаа предност од резултат 12-20. Куманово уште веднаш доби на знаење дека противникот нема намера да се предаде лесно, па до добра игра на двете страни од теренот успеја пополека да ја смалува разликата. Првото минимално водство домашната екипа го имаше во средината на втората четвртина, кое брзо стана предност од шест поени за Рилски, а до крајот на првото полувреме Куманово поведе со четири поени предност.
Добрата игра на Куманово продолжи и во продолжението од мечот, кога Куманово и стигна до посакуваните 12 поени разлика, но Рилски намали на 7 поени до крајот на третата четвртината.
Гостите од Бугарија прикажаа дека се одлична екипа, и на секоја серија на Куманово брзо реагираа. Истото се случи и во последниот период кога Куманово поведе со 16 поени разлика, а Рилски успеја да го одведе натпреварот во продолжение.
Тука тимот од Самоков беше поумешен, ги искористија непрецизните шутеви за три поени на Куманово, неспортската лична на Јанески и дојдоа на сигурни шест поени разлика, кои ги водат во полуфиналето на БИБЛ лигата.
Најефинасен поединец на натпреварот беше Александар Костовски со 29 поени, а одлична партија прикажа Бранислав Ѓекиќ со 23 поени и 13 скока.
Јулиан Норфлит постигна 25 поени за Рилски Спортист од кои 17 во првото полувреме, а Жарко Ракочевиќ забележа 22 поени и 8 скока.
Со оваа Пирова победа Куманово ги завршува настапите во БИБЛ лигата за оваа сезона. Веќе во сабота започнува Супер-лигата, а ждребката и распоредот ќе бидат познати по утрешниот натпревар помеѓу МЗТ Скопје и Карпош Соколи.