Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тимот на Куманово 2009 е посилен за уште еден кошаркар од Србија. Бојан Радетиќ е нов кошаркар на КК Куманово.
Радетиќ е поранешен кошаркар на Борац Чачак, ФМП Железник, Црвена Звезда, Стокхолм, Игокеа, ОКК Београд, романскиот Гас Метан Медиаш, а минатата сезона заврши во ОКК Београд. Има 203 центиметри и игра на позицијата крилен центар.
Неговата статистика говори дека минатата сезона постигнувал 11,23 поени и 4,5 скока за 26 минути поминати на паркетот.
Радетиќ е петти странец во тимот на Куманово.
Фото: www.novosti.rs