Нова победа за ЖРК Куманово во подготвителните дуели со Овче Поле
15.02.2021 15:37
| KumanovoNews
Женската ракометна екипа на Куманово, оствари убедлива победа и во втората средба со тимот на Овче Поле од Свети Николе.

На натпреварот одигран минатиот четврток, резултатот на семафорот беше 45:15, односно 22:7 на крајот од првото полувреме.
Во првата недела од месец март, односно на 6-ти и 7-ми, планирано е да се одигра македонскиот ракометен Куп, а следниот викенд на 13-ти, во сабота, да започне вториот дел од сезоната 2020/21.
(Д.Д.)
(фото.архива)