Новак Ѓоковиќ со пласман во 3. коло во Париз
30.10.2013 08:35
| KumanovoNews
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно се пласира во 3. коло од Мастерс турнирот во Париз, каде што го совлада францускиот тенисер Пјер Уго Ербер со 7:6 и 6:3.
Вториот носител Новак Ѓоковиќ имаше доста проблеми да го скрши отпорот на младиот Французин Пјер Иг Ербер, моментно 189. тенисер на АТП-листата.
Ѓоковиќ се доведе во ситуација да спасува две сет топки на противникот во при водство на Ербер од 6-5 во првиот сет.
Веднаш потоа Новак рутински го доби тајбрејкот, кршејќи ја самодовербата кај противникот, па Србинот потоа лесно го доби и вториот сет со 6-3, откако поведе со убедливи 5-0.
Негов следен противник ќе биде победникот од дуелот Изнер- Пшисјешни.

